EN | IT | ES | MK | GR |

Проценка

Сите патишта водат до Рим

ИО2 предвидува МАПИРАЊЕ на римски рути и анализа на нивниот потенцијал за создавање иницијативи за претприемништво. Целта е да се спроведе НАУЧНО ИСТРАЖУВАЊЕ насочено кон анализа на:

нивото на знаење на студентите од областа на претприемништвото и туризмот на РИМСКИТЕ ПАТИШТА; колку се свесни за можностите што ги нудат унапредувањето на римските патишта во однос на економскиот раст, создавање нови работни места и оддржлив развој на културното наследство; кои се нивните моментални вештини и што недостасува. Оваа активност ќе биде спроведена благодарение на низа на анализи и истражувања кои имаат за цел разјаснување на состојбата во уметноста.
Ова вклучува мапирање на римски патишта, постојни економски и културни активности поврзани со нив и сумирање на податоци за римските патишта и нивниот економски потенцијал за европските млади луѓе.

Целта на овој документ „МАПИРАЊЕ НА ПРЕТПРИЕМНИЧКИОТ ПОТЕНЦИЈАЛ НА РИМСКИТЕ ПАТИШТА“ е да се обезбеди целосна слика за степенот на знаење на студентите за римските патишта, нивната свесност за можностите во однос на одржливиот економски раст како и социјалниот развој поврзани со античките римски патишта. Имајќи предвид дека во Европската панорама на културното наследство, римските патишта се особено важни, со овој труд конзорциумот „СИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ ДО РИМ“ сака да даде јасна идеја за постоечките вештини но и за оние што недостасуваат се со цел да се пополни јазот помеѓу сегашната и посакуваната состојба.

МАПИРАЊЕ НА ПРЕТПРИЕМНИЧКИОТ ПОТЕНЦИЈАЛ НА РИМСКИТЕ ПАТИШТА
РЕЗИМЕ

Севкупните резултати од примарното истражување потврдуваат дека има простор за инвестирање во образованието за претприемништво, но најмногу за зајакнување на потенцијалот за римските патишта. Всушност, анализите покажаа неколку образовни потреби што би можеле да бидат исполнети (од бирократски, правни и менаџерски аспекти корисни за водење бизнис до тренинг и обуки за лидерство), како и поспецифични предмети од интерес (на пр. Javellin табела, концепт на висока фреквенција).

Резултатите од секундарното истражување открија дека во моментов има многу римски патишта активни и прекрстени; исто така, тие римски патишта сеуште имаат голем потенцијал да станат важна економска движечка сила и да бидат почетна точка за нови проекти за економски развој, и локално и во транснационална перспектива. Многу луѓе не се свесни за овој потенцијал и овој документ, заедно со материјалите за обука обезбедени од проектот СИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ ВО РИМ, ќе ја пополнат оваа празнина.


Download IO2 Final Report