EN | IT | ES | MK | GR |

Проект

Сите патишта водат до Рим

Основната цел на проектот „Сите патишта кои водат кон Рим“ е да понуди обука, алатки и логистичка поддршка на младите луѓе кои сакаат да го искористат предностите на економскиот потенцијал на антички римски патишта во однос на вработливост, само-претприемништво и локален развој. Целта е да им се дадат знаења, да ги прошират своите можности и да ги изострат своите вештини. Ова ќе ги оспособи да ги идентификуваат стратегиите и да ги истражат економските можности што ја зголемуваат економската вредност на мрежата од римски патишта.

Римските патишта сочинуваат систем на инфраструктура изградена пред две илјади години со цел различните региони на огромното Римско Царство да се поврзат. Според неодамнешната студија на Универзитетот во Копенхаген има „извонреден модел на доследност што покажува дека колку е поголема густината на мрежата на римските патишта толку е поголема густината на модерната патна инфраструктура а со тоа е поголема и економска активност во 2010 година.
Во последниве години, историските инфраструктурни системи како различните римски патишта добија многу внимание и придонесоа за економски, социјален и културен развој на областите во кои се наоѓаат (на пр. преку Vanc Francigena или Camino de Santiago de Compostela). Во споредба со овие, потенцијалот на големата римска патна мрежа во моментот не е соодветно искористен. Покрај тоа, самиот систем не е многу познат. Ова е случај дури и со младите луѓе кои живеат, учат и работат како во урбаните така и во руралните области кои зависат од наследството на овие римски патишта.
Овие патишта сочинуваат дел од европското културно наследство, но исто така имаат потенцијал да бидат економски ресурс како почетни точки на нови проекти за економски развој како во локален така и во меѓународен контекст.

Проектот ќе постигне многу цели преку отворено образовно опкружување (имено, онлајн платформа) и иновативни едукативни стратегии и производи. Тоа ќе го намали разликата во знаењето во врска со римските патишта и нивната поврзаност со локалните заедници. Ќе обезбеди знаење и вештини за трансформација на оваа историска инфраструктура во извор на економски, социјален и културен развој. Ќе им даде можност на учесниците за изградба на мрежа насекаде во Европа. Оваа мрежа ќе го зајакне економскиот развој на индивидуалните области и ќе ги поврзе сите инволвирани луѓе кои сакаат да се вклучат во економската активност во врска со римските патишта.
Проектот е насочен кон студенти кои посетуваат универзитети и кои би сакале, на крајот на нивните студии, да бидат ангажирани во деловна активност или шема што вклучува промовирање на европско културно наследство, особено римските патишта и местата поврзани со нив и од нив.