EN | IT | ES | MK | GR |

Partners

All Routes Lead To Rome

news image
Универзитет за туризам и менаџмент

Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје е уникатна, модерна и добро етаблирана институција. Основана во 2006 година, ние сме 13 години посветени на знаењето. Ние создаваме, обезбедуваме и одржуваме висок квалитет во образованието, негуваме и промовираме традиција, едуцираме лидери кои се способни да се соочат со предизвиците во нивните професионални кариери од областа на патувањето и туризмот, односите со јавноста, управување со претприемништво, маркетинг менаџмент, економија, управување со човечки ресурси и компјутерски науки. На овој начин ние создаваме лидери кои со целосен ангажман во организациите каде што работат, придонесуваат за напредокот на општеството воопшто.
Да се биде член на Светската организација за туризам (UNWTO) ни помага да развиеме регионална и меѓународна соработка со универзитети и сродни организации од областа на научните дисциплини што се изучуваат на овој универзитет.
Она што го прави нашиот универзитет институција од највисоко ниво се добиените награди, стручниот академски кадар и длабочината на знаење и искуство што студентите ги стекнуваат од посетување на часовите. Тие се здобиваат со квалитетно образование и доживуваат некои од најубавите моменти од студентскиот живот и истовремено ни помагаат да го направиме нашиот универзитет вистински разновидна и меѓународна образовна институција.